Подолго време во нашиот град културата е насочена кон младите/тинејџерите. Децата сте
ги забораваат, ни се запоставени. Нашето чувство за немање културно издигнување на
децата е јако. Поттикнати од идејата на МТФ’Војдан Чернодрински’ кој на сите овде
присутни ни е добро познат, сакавме да направиме сличен таков фестивал , но за деца.
Со овој фестивал сакаме да ги пораснеме децата во сериозни театарски критичари кои ќе
знаат да препознаат што е добро , а што не. Да се развива нивната имагинација,
креативност, фантазија…. Од најмали нозе да ја учиме публиката колку е важна културата
и односот кон неа. Дека таа може да биде убава за око и револуционерна по дух.
Една од главните причини за нашето делување на овој начин е да ги оттргнеме децата од
модерниот начин на живот. Животот не се случува само пред екраните на мобилните
телефони, таблетите, компјутерите… има секогаш нешто многу повеќе од тоа.
Претставите кои што ќе бидат дел од првото издание на овој фестивал се: ‘Црвенкапа’ од
Театарот од Велес, ‘Малиот Принц’ од Театарот Сенки и облаци од Скопје, ‘Заборавените
кукли’ од Театарот од Битола и ‘Грдото пајче’ од ТДМ од Скопје. Сите овие наслови се
лектири во основно образование.
Со ова што го правиме сакаме да го побиеме правилото дека театарот е затворена форма
на делување. Сакаме да го направиме поблизок до децата. Искрено се надеваме дека
еден ден овие деца , ќе станат културни работници.
Исто така , сакаме да се извиниме до сите кои не успеаја навреме да си набават карти.
Навистина се изненадивме од одзивот кој се случи во рекордно време и останавме без
карти. Тоа е причина повеќе овој фестивал да стане систем и бренд , а не инцидент.
Родители, Ви благодариме.