Со оглед на тоа дека направивме една година пауза, не е дека тоа го сакавме, но сите сме свесни што и како се случиваше, оваа година се враќаме посилни од претходната. Со подготвена програма го најавуваме третото издание на Театарскиот фестивал заа деца „Силјан Штркот“ кое ќе се одржи на 13 и 14 мај во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На ова издание учество ќе земат Театарот од Велес со својата „Шумска болница“, потоа имаме промоција на книга на Оливера Андоноска „Сонцето и кралицата на темнината“. Театарот од Куманово ќе настапи со Трнорушка, а Театарот од Штип гостува со претставата „Чунгалунговски, Пепелашка и принцот Тортичка“. Во сабота ова трето издание на фестивалот ќе го затвориме со промоција на книгата „Ана и нјезиниот велосипед го спасуваат градот“ и концерт на фрупата The FOUR под градската саат кула. Се гледаме на фестивал.