Петта година театарскиот фестивал за деца “СИЛЈАН ШТРКОТ” е значаен настан кој продолжува да го збогатува културниот живот и да го афирмира театарското творештво од најмали години во градов. Од 16 до 21 септември, ќе се понудат многу придобивки за развојот на децата и културниот живот на заедницата.
Театарскиот фестивал за деца е важен од повеќе аспекти. Корисен е за развивање на креативност кај децата, збогатување на образованието, развивање на социјални вештини, јакнење на емотивната интелигенција, критичко размислување кај сите.
Во ова издание на фестивалот ќе учествуваат МТП Прилеп со претставата “Убавицата и ѕверот”, МТЦ ЗОНА со “Чернодрински се враќа дома”, Театарот Бабец од Битола со “Бременски музиканти” и нивната младинска претстава “Сомнително лице”. Програмата продолжува со претставата “Книголандија” од театарот од Штип. Фестивалското издание завршува со концерт на фамилија 5+: Бенд 5+ забава за целото семејство.
Секој ден имаме посета на градинки за најмалите деца да земат учество во интерактивните активности и игри. Предвидените работилници се од различен уметнички свет, танц, ликовна уметност и драмска култура. Децата се запознаваат со основните принципи и правци во уметноста.
Фестивалот “Силјан Штркот” е важен чекор во продолжувањето на традицијата на промоција на театарот за деца. Со неговата богата програма и посветеност на квалитетот, фестивалот продолжува да го инспирира и образува младото поколение, нудејќи им уникатни културни и уметнички искуства.