Силјан Штркот 5 – 2024

Или мала сабота. На пола од една декада постоење. Градење мостови на соработка и единство, разбирање и забава, креативност и имагинација. Множество на луѓе со различни мисли сплотени за една цел: да успееме! Да успееме во идејата за подобар фестивал од претходната година, да успееме да го реализираме, да успееме да останеме добри во намерите, да успееме да се насмееме после тажните денови, да успееме да се насмееме кога ни се плаче, да успееме да се радуваме на малите работи, да успееме сите идеи да ги направиме реалност. Да се случи нов фестивал. Нова магија.

Се гледаме во театар.