Силјан Штркот 6 – 2025

Некогаш одамна, едно дете, за првпат седна во темна сала и со широко отворени очи ја гледаше светлината што се појави на сцената. Преку шепотот на завесата, боите на костимите, музиката, гласовите и тишината – тој миг стана магичен. Тоа дете не беше само гледач – тој миг го разбуди уметникот, мислителот, сонувачот во него. Тоа е магијата на театарот. Местот каде што сѐ станува возможно.

После 5 успешни изданија, можеме да кажеме дека стигнавме до прваче. Патот беше тежок, но забавен. Исто како и со учењето на буквите и бројките. Еднаш кога ќе ги научиш, понатаму сѐ е полесно. Ќе се забавуваме и оваа година и ќе уживаме во театрската магија.