Силјан Штркот 1 – 2019

Прв фестивал.2019 Како наше првенче, горди сме да кажеме дека според очекувањата, успешно помина ова издание на фестивалот. Возбудата беше преголема. Од првиот ден кога се роди идејата за да направиме чекор напред од нашите театарски претстави, сѐ до реализација на еден Театарски фестивал за деца. Од моментот кога ја договоривме првата театарска куќа да земе учество на фестивалот, до денес кога ова го читате. После многубројни препреки, успеавме да дадеме назнаки за една идеја која не смее да запре тука. Се надеваме дека овој фестивал ќе расте и ќе прерасне во една прекрасна традиција.