Силјан Штркот 2 – 2020
Со особена радост споделуваме со вас дел од атмосферата која преовладуваше на второто издание на Театарскиот фестивал за деца. Пандемијата го направи своето, но и ние не се предаваме така лесно. Секој од Вас што учествуваше на овој фестивал е човек што покажува дека ако се сака- се може. Сепак, гледајќи ги сликите од ова издание на фестивалот, можеме да донесеме само еден заклучок: ништо не може да нѐ запре! Ви благодариме што го направивте овој фестивал побогат со Вашето присуство и се надеваме дека ова лудило тука ќе запре. Не заборавајте, држете растојание, носете маски и се гледаме на претстава. Се гледаме на следното издание.




































