Силјан Штркот 4 – 2023
Голем залак, впрочем како што доликува. Публика која на заминување од секоја посетена претстава, задоволна дека го поминала времето во театар- местото каде што се создава магијата и соништата се реалност. Овде не морате да се грижите кој што ќе помисли за Вас. Овде Вие сте креаторот на светот. Не само на Вашиот свет, туку на целиот свет. Овде сѐ е возможно. Така и нашите соништа добиваат значење. Од година во година сонуваме поголемо и побогато издание на фестивалот. Литературата за деца ја обележа оваа година како значаен потфат за нашиот фестивал. Мал чекор за човештвото, но огромен за нас. Се надеваме дека оваа година си поминавте убаво. Нам ни беше незаборавно! Потврдете го тоа со посета на следното издание на Театарскиот фестивал за деца следната година.


































































