Шестата година театарскиот фестивал за деца “СИЛЈАН ШТРКОТ” уште еднаш докажа дека е незаменлив дел од културниот живот на градот. Шестото издание, одржано во 2025 година, собра над 2400 посетители – најголем број досега – и уште еднаш ја потврди љубовта на децата кон театарот.
И оваа година фестивалот понуди богата програма: театарски претстави за најмладите, интерактивни активности и игри, како и посети на градинките за најмалите деца да земат учество. Предвидените работилници беа од различен уметнички свет – танц, ликовна уметност и драмска култура, каде децата се запознаа со основните принципи и правци во уметноста.
Театарскиот фестивал за деца е важен од повеќе аспекти. Корисен е за развивање на креативност кај децата, збогатување на образованието, развивање на социјални вештини, јакнење на емотивната интелигенција и критичко размислување кај сите.
Голема благодарност до сите посетители, учесници и до нашите верни партнери и пријатели кои го овозможија и ова издание. Фотографиите од шестото издание можете да ги разгледате во галеријата.
Приказната продолжува – се гледаме на седмото издание на фестивалот “СИЛЈАН ШТРКОТ”!





